Како штотуку да излегла од вода: Романтичниот фустан на Викторија Бекам е модна вест на неделата (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:WavyPeter / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Викторија Бекам прошета низ Њујорк во необичен фустан кој има заводлив ефект...

На британската дизајнерка Викторија Бекам не ѝ треба подобар модел од неа! Штом ќе облече парче облека создадено од неа, фотографиите ги преплавуваат модните портали, а сега таа на вечера со сопругот Дејвид Бекам го облекла еден од најубавите фустани со нејзиниот потпис.

фото:WavyPeter / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Бекамови штотуку пристигнаа во Њујорк, а Викторија веднаш отиде на рана вечера со сопругот, појавувајќи се во едно од најелегантните изданија на годината.

Викторија во хотелот во Њујорк пристигна во тоалета од нејзината ресорт колекција за 2023 година, чија цена е повеќе од 1.200 евра.

Станува збор за асиметричен модел со миди должина со долги ракави кој има дијагонално деколте во форма на V и совршено ја истакнува силуетата на телото. Благодарение на ова има многу заводлив и сензуален ефект и имитира воден ефект, а зрачи со женственост. Викторија го искомбинирала со сребрени полуотворени чизми.

фото:WavyPeter / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Минималистички, а сепак интересен и забавен!

извор:GLOSSY