Како во цутот на младоста, а ја гази шестата деценија: Сандра Булок направи целосен хаос со својот раскошен фустан
По долга пауза, актерката Сандра Булок се појави на црвениот тепих во сензационален фустан и ги фрли во втор план сите присутни!
Сандра Булок ги воодушеви сите кога се појави на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот нов филм „Изгубен град“ во феноменален долг омбре фустан. Фустанот во розови нијанси со многу длабоко деколте украсен со апликации во форма на цвеќиња и кристали одлично и прилегаше на актерката.
Вртете десно на стрелката за повеќе фотографии
Фустанот имаше мали кристали во горниот дел, долг шлеп назад, додека од едната страна имаше длабок шлиц под кој се гледаше црна, кожна чизма.
Актерката ја исфенирала својата долга коса право, додека oд друга страна се одлучила за драматична шминка на очите. На црвениот тепих друштво и правеше нејзината помлада сестра Џесин Булок Прадо, која во оваа прилика облече црн фустан.
Драматичната појава на Сандра Булок која има 57 години нѐ остави без зборови! А луѓето со неверување се прашуваат како оваа жена изгледа толку добро на прагот на шеесетите.
ФОТО: Инстаграм