Моден фокус // Трендови
Каков раскош: Најубавата жена на светот го фрли на колена Кан со фустан кој зборува илјада јазици + најубавите модни изданија на фестивалот
фотографии:PROFIMEDIA
Во тек е третата вечер на 75. Кански филмски фестивал, а светските убавици во раскошни фустани веќе продефилираат на црвениот тепих.
Најголемо внимание на проекцијата на филмот „Armageddon Time“ во рамките на третата вечер на Канскиот фестивал привлече манекенката Алесандра Амбросио во спектакуларен бел фустан со интересни детали на деколтето.
Поранешниот ангел на Викторија блесна во креација која ги привлече погледите на сите присутни. Собраната коса во пунџа ги донесе до израз дијамантите околу вратот и интересните детали на градите, а ракавиците дадоа доза на гламур.
Со стајлинзите не заостанаа ниту останатите познати убавици, а како изгледаа погледнете во галеријата:
фотографии:PROFIMEDIA