Каков ви е Марс такви ви се фантазиите: Овие три хороскопски знаци прават огномет во кревет!

Добивај вести на Viber

Марс во женскиот хороскоп открива кој е вашиот тип на маж...

Марс во Овен:

Ве привлекува дрзок и храбар маж кој има силна енергија, импулсивен и нетрпелив, исто како и вие. Таквиот маж ужива во авантурите и затоа ви е привлечен. Ве привлекуваат силни, спортски типови на мажи, „мачо“ мажи. По природа сте агресивни, поради што сакате партнери кои сакаат предизвици.

Марс во Бик:

Вашиот тип е сензуален маж со силна волја, кој стои цврсто на земја и ужива во пофините работи и удобностите на животот. Оној кој сака да ужива во добра храна и музика. Неговиот мирис и глас ве возбудуваат, а задоволството и сензуалноста ви се многу важни и затоа барате силен, здрав и трпелив партнер.

Марс во Близнаци:

Поради важноста што ја придавате на комуникацијата, ќе ве привлекуваат мажи кои се одлични и духовити соговорници. Интелектуалната стимулација е она што кај вас буди љубопитност и страст, па затоа партнерот мора да биде интелектуалец за да ве интересира. Неговиот ум е тој што ве вклучува, а не неговиот физички изглед. Уживате во слободата, па често може да ве привлечат неколку мажи истовремено. Жонглирањето помеѓу две врски може да биде возбудливо за вас.

Марс во Рак:

Ќе ве привлекуваат чувствителни типови на мажи со кои ќе се чувствувате емотивно и финансиски сигурно. Копнеете по стабилност и спокојство. Несвесно ве привлекува татковска фигура, маж кој го доживувате или го гледате како „татко на вашите деца“. Типот на маж кој потсвесно бара мајка исто така може да ви биде исто толку привлечен, а особено ви е привлечен ако готви и сака пријатен дом. Најмногу ви се допаѓа кога партнерот е чувствителен и ви дава чувство на сигурност и заштита.


ФОТО: фрипик