Каква дама и каков капут носи! Кејт Мидлтон го докажа спротивното: Оваа комбинација на бои ја презираат сите, ама таа знае како

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон вчера го посети музејот Фаундлинг во Лондон со својот сопруг - принцот Вилијам и како и обично избра одлично и намалено елегантно издание, согласно пригодата.

Кејт се појави во темноцрна комбинација која е табу за многу жени, но од друга страна, дизајнерите тврдат дека оваа мешавина на бои остава впечаток на елеганција и луксуз, но само кога се избираат квалитетни материјали.


На убавата бринета ѝ успеа тоа, бидејќи изгледаше скапо и префинето, а се одлучи за едноставни, класични парчиња со кои нема грешка.


Познатата 40-годишна дама комбинираше црна ролка и темно-тегет панталони со широки ногавици - нејзиниот омилен модел, кој веќе го носеше неколку пати минатата година. Сепак, главната ѕвезда беше совршено скроениот капут со интензивна сина боја со класичен крој, со должина до колената, кој убаво ги разби потемните нијанси, а сепак не отстапува премногу од бојата.


Кејт внимателно избра дискретни, но сепак детали кои го направија целото издание уште подобро - тенок темносин ремен, тегет салонки од антилопа со дебела потпетица и прекрасни златни обетки.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм-screenshoot-nyprinsessa

Од мала е воспитувана како сопруга на принцот: Иако нема „кралска крв“ Кејт Мидлтон имала сѐ што посакала