Каква е жената Стрелец во љубовна врска со другите хороскопски знаци: Дали си одговарате?

Добивај вести на Viber

СТРЕЛЕЦ
ТАА-ТОЈ

Таа е племенита жена со огнен темперамент и многу страсти во себе, а притоа елегантна, со аристократска става, спокојство и мир. Не е некој синоним за верност, а тоа и не и треба бидејќи тешко се врзува. Ова е слободна и ослободена жена со многу пријателства, успешна во сите области за кои ќе се одлучи.

Тој секогаш е насочен кон инината, образованието, науката сознанието.Никогаш кон тоа што било. Императив му е вистината, па и во љубовта. Сака со страст, силно но најчесто кратко. Има придорна тенденција да не се врзува. Спаѓа во редот на легендарните љубовници, иако можеби ова малку претерано .

Каква е жената Стрелец во љубовни врски со различни хороскопски знаци:

СТРЕЛЕЦ-СТРЕЛЕЦ

Врска на емоции разбирање оптимизам и поставување на високи цели кои не можат да се остварат. Пречка во врската се ограничувањата кои можат, поради темпераментот, да си ги поставуваат, инаку одлична врска

СТРЕЛЕЦ-ЈАРЕЦ

Кратко и јасно ова е многу тешка и лоша комбинација . Иако сум имал прилика да сретнам и ваква комбинација, односот е доста комплициран да не речам лош. Комбинација која сериозно треба да се избегнува. Оптимизам и песимизам не одат никогш заедно.

СТРЕЛЕЦ-ВОДОЛИЈА

Ова е пред се духовна спојка во која спиритуалноста и љубовта кон луѓето, помагањето и разбирањето се мотивирачки и движечки сили. Со мала толеранција на своите индивидуалитети, оваа врска може да биде исклучително убава и успешна.

СТРЕЛЕЦ-РИБИ

Оваа врска е доста проблематчна и можно е да успее само ако меѓу партнерите има некоја мистична или спиритуална врска. Инаку овие две природи секако ќе се повредат на некоја кривина, а најчесто Рибите се тие кои страдаат.

СТРЕЛЕЦ-ОВЕН

Ова е доста успешна комбинација. Едоставно Стрелецот е стратег, а тоа Овенот го почитува освен тоа многу е поинтуитивна од Овенот кој и како да не поседува интуиција, бидејќи не верува во неа, а Овенот е ненадминлив извршител, што пак Стрелецот многу го цени.

СТРЕЛЕЦ-БИК

Врска која може да отиде во депресија. Слободниот Стрелец на кој поимот верство неверство и е доста проблематичен може да го збесне традиционалниот Бик дури и во муабет на таа тема, а камо ли на дело.

СТРЕЛЕЦ-БЛИЗНАЦИ

Врска која се темели на исклучителната еротска привленост на двата знака, динамичност во животот, подвижност и прилагодливост. Но, ако Близнакот инсиститра на својата рационалност а Стрелецот на својата слобода од оваа врска ќе останат само партали.

СТРЕЛЕЦ-РАК

Оваа врска е за пријателски односи навистина добра и само овој однос дава надеж во можноста за пријателство меѓу различни полови, без сексуална конотација.

СТРЕЛЕЦ-ЛАВ

Одлична огнена комбинација, и ако е за нешто убаво нив никогаш нема да им биде досадно. Лавот ќе ја задоволи нејзината потреба за восхит и ласкање, но само ако направил достојни дела за тоа.

СТРЕЛЕЦ-ДЕВИЦА

Ова може да биде само еротска врска  која нема да трае долго. Но повеќе од ова е навистина голем хазард во кој имате девеесет одсто шанси да се изгуби.

СТРЕЛЕЦ-ВАГА

Ако Вагата ја рабере потребата на Стрелецот за индивидуални слободи и наместо оков околу вратот и подари едно прекрасно залтно ланче, врската има тенденција на идеална. Всушнот таквите подароците треба да бидат взаемни.

СТРЕЛЕЦ-ШКОРПИЈА

Убаво е да се пријатели, но ништо повеќе од тоа оваа комбинација не функционира во ниту една комбинација. Врската може да биде еруптиван, страсна и полна со драматика. Краток динамичен секс и ништо повеќе.