Каква комбинација: Тијана Дапчевиќ во друштво на Тони Михајловски, неговата сопруга и синчето

Ова е комбинација од соништата, „тепачка“ кој да дојде до збор - им коментираат сите поздравувајќи ги.

Откако Тијана Дапчевиќ објави дека ќе настапува на Беовизија, српскиот избор за песна на Евровизија 2022, се пофали дека ѝ дошле другарчињата - актерот Тони Михајловски со сопругата Александра и нивниот син Максим.

Максим е веќе големо момче, а Александра, сопругата на актерот Михајловски, пред две години, на својот профил на Фејсбук си ја отвори душата за борбата со рак, од која излезе како победник.

- Тони ќе снима некоја серија, ние му сметаме - напиша Тијана во нејзин стил, покрај фотката на која се гледа како пријателите уживаат на ручек во Белград.