Каква мајка сте според хороскопскиот знак: Девиците грижливи, Водолиите креативни ...
Како и за многу други нешта, ѕвездите имаат одговор и на ова прашање: Каква мајка сте, според вашиот хороскопски знак?
Овен
Водени од планетата Марс, вие сте врховен лидер и во состојба сте да направите речиси сѐ за тоа што го сакате. Кога станува збор за родителството, сакате вашето дете да има најдобро образование, храна, облека и здравје. Само бидете внимателни: вашата силна природа може да ве претвори во личност која постојано се натпреварува со другите.
Бик
Организираноста и смиреноста се вашата најголема доблест, така што вие многу лесно ги растете своите деца. Под ликот на вашата супермајка, се крие жена која е едноставно приземјена и смирена. Вашата мисија нека биде само тоа вашите деца да бидат нежни и човечни, другото ќе го постигнете без проблем.
Близнаци
Поради Меркур кој постојано ве тера постојано да учите, вашата најважна едукација се децата. Постојано сакате да се подобрувате како родител. Но, вашиот најголем проблем што поставувате услови кон своите деца, кои сама ги кршите. Поради тоа, вашите деца понекогаш не ве разбираат.
Рак
Вие сакате деца и сакате многу од нив. Со самото тоа, за вас воопшто не претставува проблем да биде емајка. Тоа ви оди од рака. Потрудете се да не бидете премногу поврзани и пречувствителни кон децата, бидејќи така ќе ги оставите неподготвени за животот кој понекогаш не е фер.
Лав
Вие сте најинтересната мајка од хороскопот. Од играњето со децата до тренирањата, до симпатиите и заспивањето. Што и да направите, вие им пренесувате енергија која тие никогаш нема да ја заборават. Сепак, вашиот проблем е што и како самите вие, сакате вашите деца секогаш да бидат во центарот на внимание, но тоа не е секогаш возможно и најдобро.
Девица
Вие сакате перфекционизам и тоа го очекувате и од вашите деца. Одлична мајка сте бидејќи постојано ги учите да бидат вредни, но треба да им дозволите малку да дишат и да се релаксираат. Пуштете ги да се развиваат, нештата ќе дојдат на свое.
Вага
Вашето мајчинство е потрага за идеален баланс. Од една страна, вие сте совршен родител кој не се брза никаде, а од друга страна обидувате да издвоите време за себе. Проблемот е во тоа што не знаете да кажете „не“. Научете ги на дисциплина и не паѓајте на нивните солзи.
Шкорпија
За ваша целосна среќа се потребни вашите деца, но и посветеност од семејството. Вашите деца секогаш ви се на прво место и вие сте толку поврзани со нив, што тоа понекогаш е чудно за другите родители. Опуштете се малку и дозволете им да бидат свои.
Стрелец
Вие сте мајка која постојано е забавна. Сладолед за вечера? Да. Пижама забава?Да. Одење во парк? Секогаш. Вашето мото е дека децата секогаш треба да се забавуваат. Сепак, добро би било да направите баланс меѓу забавата и сериозните разговори со своите деца.
Јарец
Вие сте столб на семејството - таа што носи сѐ што е потребно и таа кога е полицаец кога тоа е потребно. Ги учите децата на манири и им се посветувате максимално. Забавата е миниминална, бидејќи за се постојат правила. Опуштете се и понекогаш дозволете им да бидат деца.
Водолија
Благодарение на вашата вечна младост, вие секогаш ќе бидете кул мама со боемски дух и преслатки мали деца кои босоноги трчаат во природата. Но, сепак треба да обрнете внимание на вашата конзистентност во воспитувањето. На децата понекогаш им е потребна рутина.
Риби
Како емотивен воден знак, вие знаете многу да сакате, но и сте заштитнички настроени. Вие ги растете децата со здрава количина на смодоверба, што ќе им помогне далеку да стигнат во животот. Но, сепак не паѓајте на нивните солзи и сфатете дека строгоста е важен дел од родителството.