Какви извајани нозе: Пенелопе Круз во ултра краток „Барби“ фустан од 360.000 денари

Добивај вести на Viber

Пенелопе Круз на гала ручекот каде се собраа номинираните за Оскар пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Хавиер Бардем, а парот на овој престижен настан пристигна во одличен стил и расположение.

фото:instagram printscreen

И додека Хавиер се одлучи за црна боја од глава до пети - добро скроен костум и џемпер, очите сосема очекувано ги украде убавата Пенелопе.

фото:profimedia

Шпанската актерка покажа витка фигура во 47-та година, но и одлично извајани нозе во супер краток розов твид фустан со потписот на модната куќа Шанел, чие лице е и таа.

фото:instagram printscreen

Овој фустан, инспириран од 50-тите години на минатиот век, го красат два големи џебови и сребрени, светкави копчиња, а неговата цена е дури 5.860 евра (360.000 денари)!

View this post on Instagram

A post shared by Juan Espinoza (@encelebridadess)


Пенелопе го заокружи ова женствено, елегантно, а сепак заводливо издание со црни плишани сандали со високи, но дебели потпетици и црна Шанел чанта.


Од детали носеше само сребрени прстени, но затоа ја покажа и новата фризура.

View this post on Instagram

A post shared by By Larissa (@penelopecruznews)


извор:zena.blic

Покажа како се комбинираат мрежести хулахопки без да изгледате вулгарно: Пенелопе Круз воодушеви со модниот избор и фризурата