Какви модели на облека да изберете доколку носите конфекциски број поголем од 42

Добивај вести на Viber

Дали вистински уживате во шопинг и бирање облека?

Одговорот може да биде негативен задобар дел од женската популација која носи величина 42 и нагоре заради фактот дека многу тешко или речиси воопшто не може да ја најде величината токму на моделот кој им се допаѓа.

За дизајнерскиот тим на „Linea“, женската убавина нема никаква врска со конфекцискиот број, затоа што посветуваат еднакво внимание на сите дами.

Токму заради овие причини секоја сезона креираат модели кои одговараат на конфекциските броеви 42 и нагоре и тие не само што се визуелно атрактивни и привлечни,  туку и  одлично прилегаат на оние дами кои ги носат овие конфекциски броеви.

Оваа сезона понудата на „Linea“ е навистина богата и можеме да кажеме дека креативноста во дизајнот на моделите и квалитетот на материјалите сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Ако вашиот конфекциски број е 42 или поголем, внимателно разгледајте ги до крај нашите предлози.

Ваш избор може да биде овој прекрасен фустан со цветни детали и преубави бои или пак едноставен, а сепак многу впечатлив комбинезон.

Новата колекција вклучува и префинети црни варијанти  на модели кои ќе ја надополнуваат магијата на вашите летни свечености, забави, настани и дружења. Ако уживате во летни вечерни излегувања, коктел забави со прекрасно друштво и убава музика, тогаш можете да одберете и црн комбинезон.

Облека со природни бои и тонови

Ова лето ставаме акцент и на природните бои и тонови кои секогаш се полн погодок за вашите дневни модни комбинации. Одберете светли панталони како основно парче облека и комбинирајте со еднобојна маслинеста или дезенирана блуза.

Ваш избор може да биде и оваа маслинеста туника која одлично ќе ви прилега во различни пригоди, затоа што може да биде одличен избор за работа, но и да ја комбинирате за опуштено кафе со пријателките.

Маслинеста туника или корална летна блуза

Сосема за крај ви ја предлагаме и оваа корална летна блуза за деновите кога сакате да ја нагласите вашата енергичност и одлучност дека животот треба да се живее со полн капацитет.

Сите модели кои одговараат на конфекциски број 42 и погоре може да ги разгледате на веб-продавницата и да нарачате онлајн.