Калиопи Букле со нова песна и видео запис, потпомогнато од Витаминка
Македонската естрадна ѕвезда
Калиопи Букле ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна
наречена „Пресуда“. Во реализацијата на овој проект беше вклучена и Витаминка,
како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта на поддршката од
Витаминка е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во
Македонија и регионот.
„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се појавува и брендот Атлантис, како дел од сценографијата. Со оглед на фактот дека песната е наменета за повеќе пазари, со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари.
Првичните реакции на песната од тимот што беше инволвиран во создавањето се навистина одлични и интензивни. Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје. Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.