Kанје откри интимни детали, па Ким експресно врати: Мојот сопруг има биополарно растројство

Веќе со денови, раперот Канје Вест е главниот актер во скандалите кои оддекнуваат во Америка и остатокот од светот.

Ким Кардашијан се огласи на Инстаграм, откако нејзиниот сопруг Канје Вест доживеа уште еден нервен слом, а своите фрустрации ги изрази во објавите на Твитер.


Канје изјави дека две години се обидувал да се разведе од Ким, како и дека таа и нејзината мајка се обиделе да отидат во Вајоминг со двајца доктори за да го хоспитализираат, затоа што биле „загрижени за неговото ментално здравје“.

Твитовите беа избришани наскоро, како и оној што го објави на 22 јули, во кој тврди дека „Мајкл Џексон е убиен“.

По скандалозните објави на сопругот, Ким се отвори на социјалните мрежи и отворено зборуваше детално и искрено за сè:
"Како што многумина од вас знаат, Канје има биполарно растројство. Секој што имал или има таква сакана личност во животот, знае колку е комплицирано и болно да се разбере. Тој е одличен, но комплициран човек, чии зборови понекогаш не одговараат со неговите намери “, напиша Ким.

Таа додаде дека не сака јавно да зборува на оваа тема затоа што ги штити децата, но и правото на приватност на Канје.



"Оние кои ја разбираат менталната болест знаат дека семејството е беспомошно, освен ако тој челн на семејство е малолетен. Луѓето кои не се свесни за ова или немаат искуство со тоа, не разбираат дека поединецот мора сам да се вклучи во процесот на помош, без разлика колку семејството или пријателите се обидувале.Тој е одличен, но комплицирана личност која е под притисок како уметник и Афроамериканец, личност која доживеала болно губење на својата мајка и мора да се справи со притисокот заради изолација, што ја влошува неговата состојба. Живеењето со биполарно растројство не ги смалува или уништува неговите соништа и креативни идеи, без разлика колку тие се големи или недостижни. Тие се дел од неговата генијалност, како што сите бевме сведоци, многу од неговите соништа се остварија. Љубезно ги замолувам медиумите и јавноста да сочувствуваат со нас, тоа ние  потребно за да го надминеме ова “, напиша Ким.


Фото: Profimedia

Ким Кардашијан објави фотка пред операциите и ботоксот: Велат дека тогаш изгледала подобро