Капути од кои застанува здив: Три модели во кои оваа есен ќе бидете забележани (ФОТО)
Мора да имате вакви модели во вашата гардероба.
Без убав капут, не можеме да замислиме есен и зима. Покрај тоа што е секогаш во мода, капутот е и многу практичен бидејќи грее сосема доволно.
Добиваме елеганција со секоја облека што ја комплетираме со капут, без разлика дали носиме патики, рамни чизми или чевли со високи потпетици.
Различни кроеви и материјали ви овозможуваат да го пронајдете идеалниот капут според вашата градба. Само моделите и боите се менуваат од сезона во сезона.
Оваа есен и зима, покрај класичните еднобојни капути, ќе се носат карирани, како и оние со необични, геометриски дезени.
Капути во еднобојна боја
Покрај едноставниот беж капут, кој е „задолжителен“ од сезона во сезона, капути во меки, пастелни нијанси на розова, жолта, сина и лаванда, исто така, ќе бидат во мода оваа есен.
Карирани капути
Карираниот принт порано беше многу популарен, а во последните години се врати на големите модни врати. Од сезона во сезона, се менуваат само облиците и боите, но едно останува исто - карираното е синоним за префинет вкус и елеганција.
Капути со геометриски шари
Капути со геометриска шема се наменети само за оние смели дами кои сакаат да експериментираат кога станува збор за стилови. Светли бои и различни геометриски форми ги красат овие палта, во кои сигурно ќе бидете забележани, каде и да се појавите.
Фото: Пинтрест