Кардашијанки искешираа цело богатство за реновирање на имотот: За тие пари ќе им се исполнат сите желби

Крис Џенер и Клои Кардашијан живеат една покрај друга, на енормен имот, а сега одлучија да ги реновираат своите дворови, за што издвоија цело богатство.

Популарните мајка и ќерка очигледно се фокусирале на обнова на огромниот двор кој го имаат на заедничкиот имот, кој изгледа колку цел еден парк.

Имено, Крис и Клои имаат пространи имоти во Калифорија, кои се еден до друг, а за нивното реновирање издвоија дури 37 милиони долари, пишуваат странските медиуми. На снимките од нивниот канал на Јутјуб, јасно се гледа дека веќе работат на случајот, бидејќи целото земјиште е раскопано, а се реновира и базенот.

Познато е дека овие богати дами се малку разгалени, поради што веруваме дека и овој пат по реновирањето, секој детаљ ќе биде по нивен вкус, желба и замисла.