,

Каролина најдобра досега, разгали со хитовите, воодушеви со стилот (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Каролина Гочева отпеа внимателно избран репертоар од нејзините најголеми хитови, на настапот во музичкиот бар „Интермецо“ во Скопје сношти.

Како што и самата рече: „Копав по архивата, и ги избрав овие песни. Дел од нив долго не се пеени“. И во право беше. Музичкото патување низ времето со неа и со бендот беше вистинска привилегија. На пример, една „Штом сакаш“,голем хит на Каролина стар повеќе од 20 години, за кој рече дека не го пеела 15 години. Или „Без оглед на сè “,„Знаеш колку вредам“, „Хипокрит“, „Од нас зависи“... И „Ќе биде сè во ред“, со која Каролина порача дека по овие две години пандемија и незивесност, ќе биде сè во ред.

Неизбежни песни во нејзиниот репертоар се песните од двата албума „Македонско девојче“, од актуелниот „Извор“, од кој како хит се наметна „Ѕвона“.

- За сите оние кои не се меѓу нас, а ни се во срцата“, порача таа. И секако  „Први март“, песна која е неофицијална женска химна, а по реакцијата на женскиот дел во публиката, тоа се потврди.

Кај Каролина нема утка кога е изборот на облека во прашање, па овојпат избра црнаролка со гол стомак и свилено здолниште.

Убави луѓе беа дојдени на овој убав настан, и не само парови со оглед на тоа дека концерот се одржа на Денот на виното и на љубовта.  Женски друштва, групи на пријатели, и сите некако среќни и расположени што ги слушаат песните што одбележаа едно време и уште се тука како да се вчера напишани.

М.Џаровска

Фото: В. Тануровски