Кажете ни го вашиот став: Видеото „Жена од султана“, од скопската градинка, ги подели мислењата

 Откако вчера до редакцијата на Слободен печат стигнало видеото од изреволтиран родител, на кое се гледа како дечиња во градинка играат на српски фолк песни, како „Жена од султана“ и други, полемиките околу постапката на воспитувачката не престануваат.
Дилемата е дали е во ред да им се пуштаат такви песни на деца и како тоа влијае на нивниот развој - а мислењата се поделени. Додека дел од родителите сметаат дека нема ништо лошо во тоа, други најостро ја осудија воспитувачката.

„Зошто им ја пуштила?“; „А зошто да не им ја пушти?“; „Треба да добие отказ!“; „Деца се тоа, и дома може тоа слушаат“; 

Откако видеото почна вирално да се споделува по социјалните медиуми, родителите на децата од скопската градинка се огласија со реакција дека снимката е извадена од контекст и дека имале игра со музички желби, па некое од децата ја побарало таа песна, но и дека се задоволни од програмата на воспитувачите во таа градинка. Сепак во меѓувреме Министерството за труд и социјална политика одлучи да спроведе вонреден инспекциски надзор во градинката, со цел да се утврди фактичката состојба и програмата во градинката, по што ќе се одлучува, откако граѓани реагираа со пријави и тужби.

Со објавувањето на видеото, забележливо е дека се проширија коментари со говор на омраза упатени до воспитувачката, но многумина се огласија и со одбранбени ставови.

Пишете ни во коментари, кој е вашиот став, што мислите вие?

ВИДЕО: