Кејт Мидлтон, Меган и Џеј Ло полудеа по овие панталони: А кога поп-ѕвезда и две војвотки ќе се одлучат за истиот модел, знајте дека нема грешка
Тие се вистински летен тренд, а вака ги носат овие познати дами!
Кога поп-ѕвезда и две војвотки ќе се одлучат за истиот модел на панталони, знајте дека нема грешка.
Џенифер Лопез беше фотографирана во центарот Авра Рокфелер во средата на забава за нејзиниот нов документарец на Нетфликс наречен Halftime. Таа носеше лежерни бели панталони во комбинација со бела маица и бела јакна, поради што нејзиниот аутфит веднаш потсети на Меган Маркл и Кејт Мидлтон.
фото:Profimedia
Имено, Меган на отворањето на Игрите Invictus облече сличен предимензионален бел костум во април.
фото:Profimedia
Додека Кејт Мидлтон ја носеше својата верзија на широки бели панталони на кралската турнеја на Карибите во март.
фото:Profimedia
Лесниот материјал и опуштениот крој на овие панталони, е идеален за лето, а изгледаат елегантно за сите прилики, од ден до вечер. Значи, ако имате важна прослава ова лето - еве ви задолжително парче кое мора да го имате за забележителен стајлинг.