Кејт Мидлтон повторно го воодушеви светот: Војвотката од Кембриџ ги изненади сите со своите клавирски вештини
Војвотката од Кембриџ
Кејт Мидлтон ги изненади присутните со своите вештини за пијано
Таа се појави со музичарот Том Вокер во видеото прикажано на настан во Вестминстерската опатија.
Парот се подготвувал за настапот на тајна снимка во студио пред концертот, кој се емитувал на ITV.
Видеото на кое се гледа настапот на војвотката со Вокер, кој учествува во досега необјавената божиќна песна „За оние кои не можат да бидат тука“, беше објавено на Твитер од палатата Кенсингтон.
Британскиот кантавтор Том Вокер изјави дека војвотката дошла до оваа идеја откако се сретнале на хуманитарен настан.
„Се собравме, девет пати ја вежбавме песната, а потоа таа отиде на неколку дена и вежбаше за подоцна да снимиме.
„Бев навистина импресиониран затоа што едно е да свириш со мене во студио, само ние двајца, но сосема друго е веднаш да се префрлиш на свирење со жив гудачки квартет и пијанист и двајца придружни пејачи“.
„Мислам дека и двајцата бевме многу нервозни бидејќи се плашевме дека нема се да оди според планот и дека едиот ќе го засенидругиот или што и да е, но таа беше апсолутно фантастична.
Војвотката заврши трето одделение пијано и петти теорија.
Во снимениот вовед, Кејт ги пофали „инспиративните“ луѓе кои им служеа на заедниците за време на „мрачните времиња“ на пандемијата.
Кејт рече дека Велика Британија се соочила со „многу предизвици“ за време на Ковид, како што е смртта на најблиските и медицинските работници од прва линија кои биле под „огромен притисок“.
Други членови на кралското семејство на службата беа принцот Вилијам, Зара и Мајк Тиндал, Софи Весекс и принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели Мози.
Фото: Фејсбук - screenshoot