Кејт Мидлтон во тајна посета на Франција: Причината е прекрасна

Братот на Кејт Мидлтон, Џејмс, заплови во брачното пристаниште со неговата свршеница Ализа Тевенет. Двојката размени брачни завети на тајна церемонија на југот на Франција, а принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија на венчавката, заедно со семејството и пријателите.

Џејмс Мидлтон, помладиот брат на војвотката од Кембриџ, на својот профил на Инстаграм откри дека во саботата разменувал брачни завети со својата вереница, 32-годишната финансиска експертка Ализа Тевенет, меѓу неговото семејство и пријателите.

Тајната венчавка се одржа во француското село Бормес-ле-Мимоза на познатиот Азурен брег. На венчавката присуствуваше Кејт Мидлтон заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и нејзината сестра Пипа Мидлтон, која пристигна во придружба на сопругот бизнисменот Џејмс Метјуз. Се претпоставува дека на венчавката биле нивните родители Керол и Мајкл Мидлтон, како и нивните сакани кучиња, Луна и Мејбел, пишува Daily Mail.

View this post on Instagram

A post shared by Alizée Thévenet Middleton (@alizee.thevenet)



Веста за венчавката ја сподели самиот Џејмс Мидлтон на својот профил на Инстаграм, објавувајќи слика од себе и неговата сопруга Ализа. Заедно со фотографијата, тој напиша: „Вчера се оженив со љубовта на мојот живот опкружена со семејството, пријателите и секако неколку кучиња во прекрасното село Бормес-ле-Мимозас. Не можам да опишам со зборови колку сум среќен“. Ализа, исто така, сподели фотографија на својот профил каде накратко напиша: „Само што се омажив“.

View this post on Instagram

A post shared by James Middleton (@jmidy)



Свадбата се одржа откако Џејмс откри дека тој и Ализа биле принудени да ја одложат свадбата двапати минатата година поради пандемија на корона. Двојката се запозна во 2018 година, а се верија една година подоцна. Прво требаше да се венчаат во јули минатата година. Но, тие беа принудени двапати да го поместат датумот на венчавката. Во објавата на Инстаграм минатиот септември, Џејмс напиша: „Помина една година откако ја замолив Ализа да се омажи за мене ... каква година беше тоа!“