Кејт Мидлтон воодушеви на црвениот тепих: Војвотката изгледа заносно во гламурозен фустан со златни светки

Добивај вести на Viber

Кралската двојка - принцот Вилијам и Кејт Мидлтон - се појавија на светската премиера на филмот „No Time To Die“ во Лондон, и двајцата блеснаа во совршени гламурозни изданија.

Вилијам се одлучи за црно одело, сo кадифена јакна и модерни кадифени мокасини, но тој беше целосно засенет од неговата прекрасна сопруга. 

Кејт беше sвезда на вечера во скап тоалет со потпис на британската модна дизајнерка Џени Пекам, чија цена е околу 3.000 фунти. 

Овој прекрасен фустан од тул испреплетен со златни светки со нагласени рамења и долга наметка, ја истакна витката фигура на познатата Британка, а Кејт целиот стајлинг го заокружи со соодветни златни салонки од брендот Аквазура од 550 фунти. 

Војвотката од Кембриџ ја заврши оваа раскошна комбинација со блескави обетки од пакистанската марка Onitaa, за кои е потребно да одвојат 290 фунти. Нејзината шминка, како и обично, беше дискретна и женствена, но таа се одлучи за празнична, богата пунџа полна со волумен. 

Кејт ретко се појавува на црвениот тепих, но кога чекори по него - секогаш е во гала стил! 


Фото: Profimedia

„Толку кратко здолниште никогаш не облекла“: Зошто Кејт Мидлтон во спортски сет ги „запрепасти“ Британците? (ФОТО)