„Толку кратко здолниште никогаш не облекла“: Зошто Кејт Мидлтон во спортски сет ги „запрепасти“ Британците? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и тенисерката Ема Радукану играа тенис во двојки на настан што го одбележува успехот на британските тенисерки на последните натпревари. По тој повод, Кејт се појави, нормално, во - спортски сет за тенис.

Имено, таа ги изненади сите кога се појави на тенискиот терен во центарот на Лондон, каде што одигра двомеч со победничката на УС Опен, Ема Радукану. Војвотката Кејт (39) излезе на терен во спортска комбинација, односно тениски сет. Па од непознати причини многумина се изненадени од изборот на облека на Кејт, кога всушност само станува збор за спортски комплет својствен за тенискиот терен, па шокот кај Британците доведува да се запрашаме дали очекувале војвотката да одигра меч во елегантен фустан, со оглед на коментарите дека „толку кратко здолниште никогаш не облекла“ и дека се во шок.

Кејт и Ема беа одлично расположени, и одлично се забавуваа, барем судејќи по фотографиите што веднаш го обиколија светот.

Инаку, 18-годишната тенисерка Ема Радукану неодамна стана вистинска сензација од непозната девојка, кога победи на УС Опен. Покрај титулата и трофејот, победата на УС Опен ѝ донесе 2,5 милиони евра.
Таа играше тенис со војвотката од Кембриџ оваа недела на настан кој го прославува успехот на британските тенисери во последните натпревари, а преносот на натпреварот беше достапен на националната телевизија во Велика Британија.

фото:profimedia
извор:стил.курир