Само таа може да изгледа префинето и во толку светли бои: Кејт Мидлтон уште еднаш им оддаде почит на домаќините
Првите официјални фотографии од војвотката од Кембриџ од вториот дел од нивната турнеја
Кралскиот пар ја продолжи карипската турнеја и од Белизе отпатуваа за Јамајка. Војвотката и војводата од Кембриџ ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Јамајка, Камина Џонсон-Смит.
Кетрин изгледа заносно во жолт фустан потпишан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ. Војвотката ја избрала бојата која е симбол на знамето на Јамајка, а целиот изглед го дополнила со чевлите, истите што ги носеше на заминување од Белизе, бела плико чанта и нежни обетки.
Откако беа пречекани со воени почести на аеродромот и следени од генералниот гувернер на Јамајка и неговата сопруга, војвотката Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам се пресоблекоа и отидоа во Тренч Таун, традиционалното родно место на регето, каде што се сретнаа со музичари, спортски ѕвезди од Јамајка.
Кралскиот пар е познат по тоа што се облекува соодветно спрема приликата, па така и овој пат во чест на настанот, Кејт носеше фустан со миди должина од линијата на WillowHilson со боите на знамето на Јамајка, а Вилијам ленена кошула во темно сина со панталони во беж боја.
Инаку додека трае посетата на Кејт и Вилијам во земјата се одржуваат протести за раскинување на врските со британската монархија.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot - Access