Кејт Мос е модна икона, но нејзината сестра е далеку од тоа: Лоти нема таков осет за есетика и софистицирност (ФОТО)

Таа често е мета на критики за нејзиниот провокативен изглед

Манекенката и инфлуенсерка Лоти Мос (23) се прошета во Санта Моника со нејзината блиска пријателка Сара Реј, со која отиде на ручек. Лоти е помлада сестра на поранешниот топ модел Кејт Мос. Нејзиното целосно име е Шарлот Мос, има 23 години, но многу веројатно е дека никогаш нема да ја достигне популарноста на нејзината сестра.

Фото: Profimedia

Лоти е позната по својот провокативен стајлинг, кој претежно е на работ на вкусот, па многумина велат дека изгледа евтино. Така беше и овој пат кога беше фотографирана на опционална прошетка. Во стилот на „Gossip Girl“ таа носеше карирано мини здолниште и топ, кои ги искомбинира со бели сандали со помали потпетици. Здолништето имаше и два шлица кои се креваа на ветрот, па комбинацијата не беше најsстилска, но младата Британка гордо чекореше во неа.

„Уште еден неуспех“, „Ангажирај стилист“, „Оваа девојка секогаш изгледа евтино“, „„Укради“стил од твојата постара сестра“, се само дел од коментарите за младата Лоти. 

Кога станува збор за стилот Кејт и Лоти немаат многу заедничко, но помалата сестра на некогашниот топ модел во последно време ја следат многу скандали - кршење на карантин, прослава среде пандемија на коронавирус и слично. 

Таа одтиде во Мексико на јахта под изговор дека патувањето има деловна природа. Лоти, исто така, мораше јавно да се извини што славеше со пријателите за време на „локадунот“ и што рече дека е „суперпревозник на коровавирус“ во видеото во кое се бакнува со пријателите. 

Неодамна, странските медиуми напишаа дека Лоти склучила договор со страницата за возрасни „Glow“, преку која им се дистрибуира провокативна содржина на претплатниците. 

Нејзините атрактивни фотографии корисниците можат да ги прегледуваат за 14 фунти месечно или околу 16 евра. Лоти споделува фотографии со секси долна облека, костими за капење и претежно полуголи фотографии со корисниците. Доколку корисниците сакаат попровокативна верзија на фотографијата, треба да плаќаат дополнително.


Фото: Инстаграм/Profimedia