Кендал и Кајли дизајнираа колекција за познат high street бренд
Овие девојки на Инстаграм имаат стотици милиони слдбеници. Кендал и Кајли Џенер веќе ги заработија титулите највлијателни познати личности на оваа социјлна мрежа. Не е ни чудно што се почесто добиваат понуди од различни брендови кои сакаат да соработуваат со „најмладите сестри на Кардашијан“.
Forever 21 тукушто најави соработка со познатите сестри. Колекцијата KENDALL + KYLIE ќе се најде во продажба во девет земји во светот - Бугарија, Кипар, Чешка, Грција, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Шпанија.
Облеката која ја дизајнирале сестрите Џенер ќе биде претставена на денот на премиерата, но сега можеме да откриеме некои детали. Колекцијата донесува облека која е инспирирана од нивниот личен стил.
Стилот на Кендал е класичен женствен, додека стилот на Кајли е еклектична оригиналност во комбинации со урбана мода. Целата линија донесува комбинација од модерни и класични дизајни.
KENDALL + KYLIE колекцијата содржи фустани кои го следат обликот на телото, маички, спортски градници, бомбер јакни и уште многу работи.