Нема посреќен ден за родителите од денот кога го слават роденденот на своите деца, особено додека се помали. Уште посреќни се децата. Но нивна главна преокупација е како ќе изгледа тортата, дали ќе им дојдат другарчињата и какви подароци ќе добијат. А родителите? Родителите размислуваат за сè останато, особено мајките. Пред сè, тука е датумот кога да се слави роденденот, во кој термин од денот, на кое место, кои гости да се поканат и со каква храна да се послужат. И тука околу храната се соочуваат со многу дилеми, колку храна да се нарача, дали да биде топло или ладно послужувањето, што да содржи шведската маса, дали и како да биде декорирана...
Како што се приближува организацијата на роденденот, напнатоста расте, но тоа е сосема нормално и зборува за тоа дека ви е важно да се покажете како достоен домаќин, а со тоа и да покажете почит кон гостите.
За почеток би ви препорачале дека роденденските прослави дефинитивно не се прилика кога треба да испробувате нови рецепти и вкусови. Најдобар избор ви се проверени и едноставни јадења. Изборот на ваква храна ќе ви заштеди време и ќе ви го намали стресот, а гостите ќе бидат сити и задоволни.
На пример, канапеите се вкусни залчиња кои го отвораат апетитот на луѓето. Тие се и вкус и лик на масата со храна. Тоа се мали залчиња кои спаѓаат во таканаречната “finger food” хранасо неверојатно импресивен вкус, привлечни бои и разновиден облик. Толку мали, а толку моќни залчиња храна, на кои никој не одолева.
Што со останата храна? За другиот вид храна оставете да се погрижи кетеринг компанијата. Тие имаат искуство колку и каква храна да ви понудат согласно сите параметри: годишното време, делот од денот кога ќе го славите роденденот, бројот на гости, колку време ќе трае забавата, колку дечиња ќе бидат, а колку возрасни и слично.
Веројатно досега ви се има случено од страв, да не снема храна во текот на роденденот, да обезбедите огромна количина различни јадења, а вашите гости едвај да изедат половина од таа количина и сваќате дека сте можеле многу поевтино да поминете. Или пак спротивната ситуација, кога ќе нарачате малку храна па сте доведени во непријатна ситуација кога таа во текот на роденденот ќе се изеде, а вие немате можност да доставите. Колку порано ќе се изеде храната толку по непријатно ќе ви биде.
За да ја избегнете и едната и другата ситуација, потребно е да направите добар план и тоа во заедништво со ЛЛКетеринг како кетеринг компанија која ќе ви даде препорака согласно проценката.
За колку луѓе и за каква прослава нарачувате кетеринг
Две најважни работи кои морате да ги утврдите пред да се обратите на професионалците задолжени за кетеринг е колку точно гости ќе имате и колку време ќе трае забавата. Факт е дека многу е тешко да ја одредите точната бројка, но потрудете се да бидете што по прецизни. И многу би било корисно, доколку можете да претпоставите кој тип на храна би била најбарана од страна на вашите гости и тоа да им го кажете на луѓето задолжени за кетеринг.
Количина на храна по лице
Кога станува збор за предјадење, или таканаречена закуска постои разлика дали после тоа ќе се служи и главно јадење или не. Доколку вашата забава не предвидува главно јадење, во тој случај доволни се од 10 до 15 парчиња по лице од било кое ладно предјадење од кетеринг понудата. Некој ќе изеде помалку, некој повеќе, но во просек сигурно нема да има потреба од поголема количина. За прославите кои вклучуваат и главно јадење, количината на предјадење по човек треба да се намали за една третина.
За прославите во кои по закуската имате и главно јадење, можете да сметате дека за едно лице доволно е 150 до 200 грама месо и 100 грама прилог, односно салата.
Доколку се одлучите за мини сендвичи, или мини гира, можете да нарачате по 3 од човек.
Како и да е, секогаш консултирајте се со луѓето кои ви ја обезбедуваат кетеринг услугата за тоа што покажало нивното искуство во врска со количината на храната.Во домашни услови, на отворено, во игротека, во кино, во театар, ЛЛ Кетеринг ќе се погрижи да имате шведска маса со пет ѕвезди.