Ќе се причестам место да славам роденден: Елена Ристеска полни 33 години

Елена Ристеска денес полни 33 години. Поп-ѕвездата која неодамна се врати од одморот во Лос Анџелес вели дека денеска нема да го слави роденденот, а најголема среќа за неа е што ќе се причести во манастирот Свети Јован Бигорски. Роденденската забава, таа ја одложува за во мај. 

„Нема да го славам роденденот денес, ќе си славам Велигден. Ќе одам на ручек кај моите, а вечерта во Бигорскиот манастир за прв пат ќе го дочекам Велигден и ќе се причестам по еднонеделното постење. Отец Партениј ќе ме причести , што за мене претставува најголема среќа. Роденденот ќе го прославам во некоја друга прилика во мај. Минатата година направив голема журка која сѐ уште ја зборуваме со сите мои блиски луѓе, можеби оваа година повторно ќе направам некоја забава за роденденот во ист стил како лани, со два бенда , диџеј и 120/130 луѓе, и дрес код: патики за да издржат сите од 19 до 7 наутро“, ни изјави Елена. 

Таа во моментов е актуелна по два дуета, едниот со српската пејачка Данијела Кариќ, „Срца се погреше“, а другиот со рускиот рапер Кирил, насловена „Superstar“.

М.Џаровска