Ќе ве стопи: Принцот Хари сподели што сака да биде неговиот син кога ќе порасне
Принцот Хари беше
искрен во новиот документарен филм Heart of Invictus, споделувајќи непознати
детали
Принцот Хари се отвори во новиот документарен филм на Нетфликс, Heart of Invictus, кој се емитуваше во средата, и зборуваше за тоа како се справил со подемите и падовите на животот, смртта на неговата мајка Дијана, неговото време во војска и како сето тоа имаше влијание врз неговото ментално здравје.
Во документарецот може да се види снимка од младиот Хари како и оддава почит на својата мајка во палатата Кенсингтон.
- Губењето на мајка ми на толку млада возраст е траума што ја доживеав, за која никогаш не бев навистина свесен. Никогаш не се дискутираше, не зборував за тоа, и го потиснав како што би направиле повеќето млади луѓе. Потоа, кога сето тоа испари, се чувствував изгубено, но потоа станав вкочанет.
Меѓутоа, покрај овие тешки теми, Хари се отвори и за слатките разговори што ги води со својот син Арчи, откривајќи што би сакало да биде слаткото четиригодишно дете кога ќе порасне.
- Кога зборувам со мојот син Арчи за тоа што би сакал да биде кога ќе порасне, еден ден ми вели дека би сакал да биде астронаут, а другиот ден пилот. Она што постојано го потсетувам е дека што и да стане кога ќе порасне, најважен е неговиот карактер. Тоа би ја направило неговата мајка и мене погорди.
Фото: Youtube - screenshoot/Pinterest