Ќе врзев две паметни, ќе ти ја залепев една: Ирена Ристиќ со песна ја испрати Билјана Беличанец

Актерката и активистка Ирена Ристиќ се присети на дружењето со нејзината колешка Билјана Беличанец која во неделата си го одзема животот во својот стан во Скопје. Во објавата на својот Фејсбук профил, Ристиќ се сеќава на песната која Беличанец ја сакала, евергринот „Perfidia“ од американската пејачка и актерка Џули Лондон.

„ Мислите ми лутаат низ нашиот однос...
Ми се укотвуваат во сликата како ја подготвуваш јамката...
Биљано!
"Ристич, дај, бе, ти знаеш англиски, песнава да ми ја напишеш..."
"Биљано, уште еднаш ли ме повлечеш така без осет, у публика ќе те фрлам..."
"Нешто да ме дигне и нешто да ме спушти..."
"Немам ни мајка, тетка ми ме роди..."
"Нема место за две мачки на кровот..."
Хаос, хаос... 
А да речеше: "Ристич, ај, ма, кафе да пиеме!"
Уствари, ко ќе ми текне, ме бараше... Да!
Боже! Да се видевме... зафатена беше... бев...
Можеби ќе врзев две паметни, може ќе ти ја залепев една, може... не знам, вака... 
Еве ја, песнава... на англиски! Пеј... 
Биљано!“, напиша актерката за својата колешка и ја објави песната од Џули Лондон.