Ќерката на Брус Вилис за болеста на нејзиниот татко и нејзиниот аутизам: „Има болни денови, но знам дека е горд на мене“
Познатиот холивудски актер Брус Вилис, кој долго време се
бори со фазија и деменција, е стабилен, истакна неговата ќерка Талула, откривајќи
уште неколку детали од нејзиниот
живот за аутизмот, кој доцна ѝ беше
откриен.
Брус Вилис е фотографиран по многу месеци во Калифорнија додека се вози во автомобил, а Талула раскажа за неговата моментална здравствена состојба и како се бори.
„Тој е стабилен, што е добро во оваа ситуација. И тешко е, има болни денови - но има толку многу љубов. И тоа навистина ми покажа дека ниеден момент не го земам здраво за готово и навистина мислам дека би биле најдобри пријатели. Мислам дека е многу горд на мене“, истакнала наследничката на актерот, пренесува Daily Mail, нагласувајќи дека е многу важно што е покрај него.
Бидејќи на 29-годишна возраст и беше дијагностициран аутизам, таа раскажа како се соочува со дијагнозата после толку време.
„Погрешно ми ставаа дијагнозиниз годините, па ја добив точната дијагноза дури на 29 години, што е многу честа појава, особено за возрасни жени... Јас сум високофункционална аутистична личност, а моите борби се поврзани со чувствителноста на светот, така што луѓето имаат тенденција да претпоставуваат дека тоа е комуникација“.
Талула потоа објасни како се чувствувала кога и било кажано дека има аутизам.
„Беше многу емотивно, но беше и олеснување. Да бидам искрена, навистина се мразев себеси“, нагласила наследничката на Вилис
Фото и Видео: Инстаграм