Клопчето се отплеткува
Истрчаа од внатре инспекторите
и полицајците. Веднаш повикаа брза помош и дополнително засилување. За кусо
време, полицајците и брзата помош. дојдоа. Веднаш ги ставија двајцата во
амбулантна кола. Не ми дозволија да се качам со нив во амбулантната кола.
Кико се понуди со неговиот автомобил да ме одвезе и јас Кико и Коста тргнавме по амбулантната кола. Цел пат ме смируваа и ме тешеа дека им е жал, дека не е многу опасно, ова е голема земја и се случуваат такви работи. В болница веднаш ги презеде одговорниот персонал. Нè избркаа сите, а двајцата ги одведоа во операциона сала. Докторите промрмореа нешто во смисла: „Мора да ги оперираме двајцата, не знаеме како ќе биде“.
Сите седнавме в чекална, бевме во шок. Молчевме. Елена и Стефка зјапаа во празно и им се сливаа солзи низ лицето. По еден час, излезе една сестра и ни рече дека операциите ќе потраат. Полицијата разговараше со директорот на болницата и сестрата повторно дојде да нè извести за секој случај да си одиме, да не нападнат случајно овде и да не чекаме за џабе со оглед на тоа што операциите ќе потраат неколку часа, па така може и по телефон да прашаме за состојбата. А јас да не си одам дома, Кико се понуди да одам кај него. Се согласив бидејќи мислев дека со жена му се заедно.
По пат, во разговор со него ми рече: „Добро што ќе дојдеш кај мене Вики и така со жена ми не живееме заедно, се разделивме“, ми дофрли. „Од кога?“, го прашав. Ми одговори: „Од пред две недели. Ги зеде и децата. Ако сака нека се врати и дадов рок еден месец. Парите кои ги заработувам не се многу, сака луксуз, а не сака да работи“. Стигнавме кај Кико.
Кога влеговме кај него, јас почнав да плачам. Кико ме гледаше со сожалување. Ме прегрнуваше цело време и ме тешеше. Јас се обидов да почнам да му раскажувам но тој ме прекина: „Те молам Вики, не плачи. Знам сè. Овие настани се од многу поодамна. Се работи за голема банда, се занимаваат со препродажба на дрога, проституција, снимање и препродавање порно филмови на диво. Стив, Емили, сопругот на Леа, и Леа беа со години поврзани со бандата и живееја луксузно“.
Стана сакајќи да прекине со својот монолог и стави еспресо во филџаните. Го следев со очите. Сакав да му кажам да продолжи. Тој климна со главата, длабоко се издиша и продолжи: „Пред извесно време им исчезна многу дрога. Затоа и ги убија сопругот и црнецот на Леа, а таа го изгуби и детето. А ним им должат и многу пари. А бандата си ги бара и парите и дрогата“.
Јас му дофрлив: „Од каде знаеш се?“ Кико ми одговори: „Вики, овде сè се знае меѓу нас и сè се прераскажува. Родителите на Стив со години сакаат да го одвикнат од овој живот и вложија многу во него, но изгледа не успеаја во нивната намера. Стив и тебе те излажа за да те донесе ваму, в туѓина. Уште кога се запознавме целата ситуација ми беше позната, но не сакав да те разочарам. Јас не сакав да ти кажам, но тебе никој не ти ја кажува вистината и не е фер од нивна страна. Овие настани се предупредување за тебе. Многу си ми мила, симпатична и многу си ми убава. Сега не е момент да се каже, но побрзо треба да се решиш дали ќе продолжиш овде да живееш или ќе се вратиш. Ако се тргнеш од него и започнеш нов живот овде ние ќе ти помогнеме“.
Го слушав внимателно и го прашав: „Кико, ќе ми помогнете ли?“ Со сигурен глас потврдно ми одговори и ме бакна нежно. Потоа се јавив в болница. Ми рекоа дека Стив ќе го оперираат уште еднаш, а Емили била во стабилна состојба. Ме замолија да не одам вечерва в болница. Елена ми се јави и ми го потврди истото. Ѝ реков дека ќе останам вечерта кај Кико. Во оваа збрка никој не се ни сети да праша каде е неговата жена.
Влегов во спална соба. Кико ми оставил на спална од жена му свилена ноќница. Се пресоблеков, се истуширав и си легнав. Кико остана да спие во дневната. Не можев да заспијам. Го запалив светлото од ноќната ламба. Почнав повторно да плачам и да си зборувам тивко: „Зарем ова требаше да биде свадба? Свадбено патување?“ „Сигурно Кико ме слушна“, си реков во себе. Станав и отидов во дневната и го повикав во спалната соба: „Те молам Кико, дојди. Се чувствувам сама на пуст остров како некоја поплава да ме фрлила. Очајна сум“. Кико ме убедуваше: „Вики, немој да плачеш. Верувај ми ќе ти помогнеме. Кире не може бидејќи им е лојален“. А јас пак си ја повторував реченицата во себе: „Морам да се извлечам себе си“.
Кико зеде марамче и почна да ми ги брише солзите. Со рацете се обидуваше да ми го милува лицето. „Вики, божествено изгледаш. Сега кога ќе има аудиција за манекенки, ќе се пријавиш“. Климнав со главата. Потоа почна да ми го бакнува челото, лицето, веѓите и усните. Целосно се предадов на ова задоволство. Кико ме погледна во црните чипкани гаќички, кои се гледаа под црвената свилена ноќница. „Вики, преслатка си“, ми кажа.
Ја стави раката под гаќичките и почна да ми го гали клиторисот. Со другата рака почна да ми ги соблекува гаќичките. Неговите допири ми беа убави, ме разгалуваа. „Да престанам?“, ме праша. Одмавнав со глава. Тогаш се наведна долу и со јазикот почна да ми го лиже клиторисот. Целата се наежив и по колковите, кои држеа ритам со неговиот јазик, се забележуваше дека сакам да продолжи. „Вики, изгледаш прекрасно“, ми шепна. „Многу си примамлива. Сега си за сликање. Морам да те сликам. Устата ти е полуотворена, очите ти се предизвикувачки, се бориш сама со себе да држиш контрола. Градите ти се напнати, а брадавиците ќе ти излетаат. Целата изгледаш како цвет, кој штотуку се расцветал, пожелна си“.Се држев во ритам со неговите страсти. Неговиот допир ме ежеше. Се трудеше да ме задоволи до највисока точка. Почнав да се тресам. „Вики морам да го овековечам овој миг“, ми рече.
Стана го зеде мобилниот и ме сликаше од сите страни, полугола, природна, во ова глуво време од ноќта, под придушено светло во убав еротско предизвикувачки амбиент во сите еротски пози. Мојата прва брачна ноќ заврши со друг човек, во друго време, под друг покрив, во друг амбиент.
ТУЃИНКА