КЛУПИТЕ ОСТАНУВААТ ПРАЗНИ: Новата учебна година треба да почне, но со електронска комуникација

Новата учебна година треба да почне, но со електронска комуникација, најави министерот за образование, Арбр Адеми. 

Вели дека само децата од 1 до 3 одделение  со физичко присуство ќе следат настава во училиште. Другите ќе учат онлајн. 

Втор исклучок ќе има и ќе се дава согласност за организирање на настава со физичко присуство онаму каде има многу мал број ученици, но и тука е потребна согласност од родителите. 

Во една училница не смее да има повеќе од 20 ученици, со цел да се спречи ширење на коронавирусот, кажа претходно министерот за здравство, Венко Филипче. 

Владата ќе ги разгледа овие протоколи, а потоа ќе бидат доставени до општините. 

„Ова е значајна, тешка одлука и затоа беа неопходни консултации“, вели Адеми. 

Рече дека од сите чинители се очекува максимална одговорност, за да не дојде до влошување на епидемиолошката состојба.