„Кога Бог го создаде најсовршениот маж - го создаде него“: Велат дека нема поубав и позгоден фраер на светот, а тој сними филм полн со перверзни сцени
„Are you lost, baby girl?“ Доколку сте го гледале еден од најпопуларните и најгледани филмови од продукцијата на Нетфликс „365 дена“, оваа реченица дефинитивно ви е позната. Да потсетиме, ова е полско-италијанско остварување кое е проникнато со перверзни сцени, а предизвика контроверзии и поделени мислења низ Европа и светот.
Дискутабилна тема и контроверзен вредносен систем е она што ги загрижува критичарите, имајќи предвид дека темата е мешавина од еротизам и романтизирање на заробеништво и киднапирање. Приказната го следи Масимо, син на италијански мафијаш, кој ја киднапира Лаура од Полска и ѝ дава 365 дена да се заљуби во него. Љубовниот рок од една година беше проследен со експлицитни секс сцени и уцени и убиства.
Филмот, иако критичарите го нарекуваат „треш“ и дно на сериозната кинематографија, стана исклучително популарен и вистинска сензација.
Инаку, ликот на Масимо, на големото платно го „оживеа“ актерот Микеле Мороне, кој особено им се допадна на жените, иако беше претставен како негативец. Него го следи епитетот на маж подготвен на се‘ за љубов и „добар антихерој“, а во комбинација со неговиот неверојатен изглед и шарм, јасно е дека тешко може да му се одолее.
Оваа улога на 31-годишниот Микеле преку ноќ му ја донесе титулата за најпосакуван маж во Европа, а додека дотогаш можеше да каже за себе дека е само просечен италијански актер и пејач, сега е четвртиот најследен човек на социјалните мрежи во Италија и некој чие име е препознатливо ширум светот.
Овој впечатлив актер со години се занимава со глума и музика во родната Италија, но статусот на голема ѕвезда упорно го заобиколуваше. Работите се сменија буквално за секунда во средината на 2020 година, кога беше објавен споменатиот филм. Мороне вели дека се разбудил на 7 јуни 2020 година, посегнал по мобилниот телефон и како ѝ обично ги проверувал социјалните мрежи и дека таму го чекало изненадување
„Таа вечер кога легнав, имав околу 700.000 следбеници на Инстаграм, а кога се разбудив, таа бројка беше повеќе од 2,2 милиони! Се прашував што се случува, зошто се случува ова", изјави тој минатата година.
Тој ден, Нетфликс всушност ја стави оваа полска еротска драма на својата платформа за стриминг и тоа беше доволно за да го стави Микеле во фокусот на светската јавност!
„Очекував филмот да стане хит во Полска и во Велика Британија, бидејќи беше објавен во тамошните кина“, додаде тој, додавајќи дека не мислел дека ќе стане меѓународна сензација.
Еден ден по објавувањето на филмот на Нетфликс, Микеле го напуштил својот стан во Рим за да купи леб. „Луѓето буквално трчаа околу мене во толпа и сакаа да се фотографираат со мене“, се сеќава тој.
Беше неверојатна спротивност од животот што го живееше пред само две години - тој беше скршен, разведен и депресивен, а деновите ги минуваше во градинарство во мало италијанско село на север.
„Филмот промени многу нешта. Привлеков поголемо внимание и добив многу деловни понуди. Но, јас сум истата личност што бев пред 10 години", открива Мороне.
Популарниот Италијанец започна и неколку деловни потфати - работи на линија парфеми, како и на линија костими за капење и кимона за жени. Активно се занимава и со музика - четири негови песни од албумот „Dark Room“ беа вклучени во филмот „365 Days“.
Инаку, Микеле во 2014 година стапил во брак со либанската стилистка Руба Саде, со која има два сина - Маркус и Бренд. Двојката се разведе во 2018 година, потоа медиумите го поврзуваа со италијанската балерина Елена Д'Амарио. А, се шпекулираше и дека е со хомосексуална ориентација, особено по дискутабилната фотографија на неговиот Инстаграм профил, каде во прегратка позира со манекенот и колега од филмот, Симон Сузин, но тој ги демантираше таквите гласини.
Фото: Инстаграм