Кога е шик изгледот во прашање ѝ нема рамна: Брижит Макрон уште еднаш покажа зошто е модна кралица
Првата дама на Франција не престанува да изненадува со комбинациите на облека
Сопругата на Емануел Макрон, Брижит Макрон, се труди секогаш да биде облечена во склад со пригодата, но е и голем љубител на модата, па ги следи сите најнови трендови.
Иако во сите прилики го придружува сопругот, Брижит секогаш наоѓа начин да му покаже на целиот свет колку всушност ужива носејќи некои од најдобрите скроени и сошиени комбинации на облека.
Овој пат сопругот го придружуваше на пат за Германија, каде со други германски официјални лица и нејзиниот сопруг го посети познатиот замок Елмау.
По обиколката на замокот и долгиот разговор излегле на прошетка, а сите погледи на јавноста биле вперени во Првата дама на Франција.
Брижит за оваа пригода облече фустан од класичен крој во боја на кожа и кратко палто кое беше во иста боја и ист материјал како фустанот.
На нозете имаше прекрасни салонки од идентични крем нијанси, кои ги истакнаа нејзините нозе и направија целата комбинација да изгледа совршено.
Покрај неа цело време беше нејзиниот сопруг Емануел Макрон, кој овој пат облече тегет костум и бела кошула.
Иако Брижит е многу постара од Емануел, тие двајца се многу хармоничен пар, а на изборот на гардероба и стил на облекување, како и на линијата на Брижит, би можеле да позавидат и многу помлади жени кои можат да се забележат во највисоките политички кругови.
Фото: Screenshot Instagram