Кога го видов лицето на моето бебе се запрепастив и заплакав: Мајка морала на итен царски рез, се случило нешто за што никогаш порано не слушнала

Тоа требаше да биде најубавиот момент во мојот живот, и кога ја видов ќерка ми, се преплашив.

Реаџана Вилијамс од Колорадо неодамна роди ќерка по име Кијани. Бременоста помина според планот и се требаше да биде добро, а планот беше бебето да се роди природно. Меѓутоа, при самото раѓање, имаше компликации за кои беше потребен царски рез.

- Ми дадоа пилула за да се забрза породувањето и неколку минути подоцна, ме однесоа на царски рез. Меѓутоа, како што ми беше објаснето, за време на раѓањето, бебето одеднаш се поместило, а потоа не можеа да го слушнат чукањето на срцето - вели Реазјана.

И тогаш, кога бебето конечно пристигна, имаше огромен исечок на лицето што го доби за време на породувањето.

„Ми рекоа дека е премногу близу до ѕидот на плацентата“, продолжува таа.

Раната на неговиот лев образ беше толку голема што беа потребни 13 конци за шиење.

- Навистина се обидов да имам разбирање за време на целото раѓање, но кога ја видов како исечена, не можев повеќе да молчам. Навистина никогаш порано не сум слушнала такво нешто да му се случи на некого - вели мајката.

Од болницата, пак, велат дека тоа е „заеднички ризик за можни компликации со царски рез“. 

„Ние секогаш даваме се од себе за да обезбедиме најдобра можна грижа во интерес на мајката и детето. Безбедноста на нашите пациенти е наш прв приоритет“, велат лекарите.

Мајката, пак, е принудена да отвори страница „gofoundme“ за собирање пари, бидејќи нема средства за естетски корекции на лицето на детето.


Фото/Извор: zena.blic.rs

Роден е без две нозе и една рака: Приказна за едно совршено момче чија мајка никогаш не се согласи на абортус (ФОТО)

Докторот ни предложи абортус, а на крај се случи чудо: Приказна за момчето родено со неправилно срце