,

Роден е без две нозе и една рака: Приказна за едно совршено момче чија мајка никогаш не се согласи на абортус (ФОТО)

„И покрај сите совети и приказни за абортусот, стопроцентно бев сигурна дека сакам да го задржам“, изјави храбрата мајка Роузи.

Мајка чиј син е роден без нозе и едната рака никогаш не се согласила на абортус, иако знаела што да очекува за време на бременоста.

Роузи Хигс беше предупредена дека момчето најверојатно ќе има синдром на амнионски едем при раѓање. Екстремитетите на детето не растат правилно во матката кога е присутен овој синдром.

Таа ги игнорираше сите совети од пријателите и семејството дека треба да ја прекине бременоста. Сега таа вели дека тоа било најдобрата одлука што можела да ја донесе.

„Кога ми рекоа дека моето дете нема да има нозе и една рака, бев многу загрижена и потресена. И покрај сите совети и приказни за абортусот, бев стопроцентно сигурна дека сакам да го задржам", рече 29- годишната Роузи.

Според неговите родители, малиот Хенри напредува многу и тие веруваат дека ќе има добра иднина.

„Јасно ми е дека неговиот живот секогаш ќе биде малку поинаков, но сигурна сум дека тој ќе може да се справи со сите идни предизвици“, рече Роузи.

Мајката е во контакт со многу други родители чии деца имаат слични проблеми уште од раѓање.

"Тие се толку посебни. Ние им помагаме во светот. Јасно е дека мораме да ја прилагодиме куќата според неговите потреби, за тој да може полесно да се движи".

„Можеби нема нозе и раце, но, барем што се однесува до мене, тој е апсолутно совршен“, рече гордата мајка.

извор: yumama.com