Кога ја слушнаа песната посветена на нив, посакаа да бидат дел од неа: Шакира за новата песна и синовите кои се главни ѕвезди во спотот

Добивај вести на Viber

Шакира објави нова песна која го носи името Acróstico, а ѕвезди во спотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат со својата мајка и свират на клавир. Таа им посветила песна која вклучува серија клипови и прикажува фотографии кога биле бебиња.

„Милан оваа година напиша песни кои ме доведоа до работ на емоциите, а Саша поминуваше часови на клавир. И двајцата беа со мене во студио и откако ја слушнаа оваа песна посветена на нив, ме замолија да бидат дел од неа“, откри колумбиската ѕвезда на Инстаграм.


„Милан и Саша, многу е убаво да ве гледам како ги раширувате крилјата и почнувате да ги остварувате вашите соништа. Ништо не ме исполнува повеќе од тоа да бидам нивна мајка“, додаде таа. Фановите на Шакира повторно почнаа да го напаѓаат Жерар Пике и ѝ испраќаат поддршка на пејачката.

Пике снимен во Мајами, изгледа непрепознатливо

Инаку, Пике неодамна беше снимен на аеродромот во Мајами, каде што пристигна да ги посети своите синови, кои на почетокот на месецот се преселиле таму со нивната мајка Шакира. Многумина забележаа како поранешниот играч на Барселона изгледа запоставено и дека качил неколку килограми.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)



Да потсетиме дека Шакира привлече големо медиумско внимание со хитот BZRP Music Sessions #53, во кој зборуваше за изневерувањето на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике. Таа јавно ја прозва неговата нова девојка Клара Чија Марта и слободно проговори за пропаднатата врска и нејзините чувства.


ФОТО: Screenshot: YouTube