Моден фокус // Коса
Кога Каролина ја менува фризурата, тоа мора да биде апсолутен хит кај нас: Погледнете колку добро ѝ стои вака
Насловна фото: В. Тануровски
Сè уште се зборува за концертот на Каролина Гочева во скопско „Интермецо“ викендов. После цели три години македонското девојче ги крена на нозе присутните, кои уживаа во нејзините хитови.
За нејзиниот беспрекорен изглед никогаш немаме замерка, но само воодушевување. За облеката беше задолжена модната дизајнерка Јована Филиповиќ, а пак шминката, 41-годишната згодна пејачка му ги препушти на нејзиниот долгогодишен соработник Дадар, додека фризурата беше дело на Јасмина Костич.
Имено станува збор за популарното залижување на косата наназад, а на Гочева ѝ стои навистина одлично, за што допринесува нејзината кратка фризура во светло кафена боја.