Кога ќе наполнат 50 години, жените ни во лудило не смее да излезат од дома облечени вака: Заборавете на овие парчиња! (ФОТО)
Прочитајте и кажете ни дали се согласувате со правилата на модните експерти
Во 20-тите, кога е модата во прашање, сѐ е дозволено, но зрелите години со себе носат одредени правила. Ниту едно парче не е забрането, потребно е само да се измени начинот на кој се комбинира.
Доколку имате 50, никако не помислувајте на овие парчиња:
Транспарентна облека
Според дизајнерите, проѕирна облека е наменета за помладата популација. Зрелите жени во такви парчиња изгледаат премногу вулгарно.
Она што го наведуваат како алтернатива се парчиња со делови кои се направени од тантела или сличен проѕирен материјал, како здолништа со делови од тантела, макси здолништа со еден проѕирен дел, блузи со чипкани ракави и слично.
Кратки маици
Ниту една жена не треба да си дозволи вакво парче облека, колку и да изгледа добро. Маичките кои го откриваат стомакот се наменети за помлади девојки. Маица со струк е далеку подобар избор во овој случај.
Тесни и искинати фармерки
На жените во 50-тите повеќе им одговараат поженствени модели на фармерки, или класични панталони со прави или малку пошироки ногавици кои одлично се комбинираат со потпетици.
Премногу накит
Како што велат многу стилисти, не треба да претеруваме со накитот по 50-тата година, бидејќи тогаш треба да преовладува умереноста, а пренатрупаноста може само да ви додаде години.
Извор: stil.kurir.rs