Кога ќе наполни 50 години, секоја жена треба вака да се облекува: Синди Крафорд уште еднаш им одржа модна лекција на сите! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Синди Крафорд (55) е верна на едноставните, младешки комбинации и се чини дека тоа е полн погодок. Секогаш кога ќе прошета во сличен стајлинг, таа се наоѓа на самиот врв на најдобро облeчени жени во неделата.

Фото: Profimedia

Овој пат поранешната манекенка беше на висина на задачата и уште еднаш објасни што значи добар стил.

- Кога ќе навлезат во зрелите години, жените треба да се држат до поедноставни парчиња. Премногу додатоци едноставно ја кријат нивната убавина и прават да изгледаат смешно- вели модниот експерт Лер Браун. 

Синди тоа многу добро го знае, па ова правило го почитува со години. Овој пат таа избра тексас фармерки, класична маичка и кремаста кожна јакна за да оди во ресторан со својот сопруг.

Фото: Profimedia

Идеалната тежина за Синди Крафорд е 58 кг. Таа е висока 177 см и оваа тежина ја одржува цел живот.  Ако се прашувавте како таа успева во тоа, тајната е во оваа диета.

Извор: stil.kurir.rs