Кога сцена од филм ќе стане реалност: Уникатно запросување на покривот на ГТЦ Скопје (ФОТО)

Познатата фитнес инструкторка и Инстаграм инфлуенсерка Ана Стојанова вчера беше филмски запросена од нејзиниот партнер Кирил, на покривот на ГТЦ Скопје.

За време на снимањето на Новогодишен проект кој го подготвува, Ана доживеала сцена која не ѝ била планирана, раскажа таа на Инстаграм и објави и фотка од прстенот.

„Кога сцена од филм ќе стане реалност.
Се спрема комплетно нов, ОГРОМЕН проект за членовите на Армијата за новата 2022 година. Изминатиот викенд се снимаше цели два дена и цела ноќ ама мене оваа сцена не ми беше планирана!
Оние кои што ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата.
Жал ми е што сеуште не можам да откријам за што станува збор, но наскоро ќе дознаете сите!
Сакањее најголемо на целиот свет!!!!“ - напиша Ана на Инстаграм заедно со фотките од посебниот момент кога партнерот ја побарал за сопруга.
Кирил е се што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!!
Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас.
Знае дека работата ми е се на светот. Созреав со овој Инстаграм и со вас! Затоа сум уште посреќна што нашиот најинтимен момент го споделивме со најмилите луѓе и пред девојките од Армијата кои ќе бидат дел од новиот видео спот за Армијата!!
Армијо, станавме официјално и ФАМИЛИЈА!!!



Пред огледало со Ана Стојанова: Не почитувам преполни и неуредни ташни со непотребни работи