Кои ќе бидат најубави, а кои најтешки денови во април за овие три хороскопски знаци

Добивај вести на Viber

Рак

Бидете поопуштени и дружете се повеќе со вашите пријатели и соседи. Дури и наједноставната игра може да биде забавна. Нема потреба да се преоптоварувате, вашето семејство знае дека се грижите за нив. Конечно завршете ја обврската што ја одложувате веќе подолго време и ќе се чувствувате исполнети, задоволни и горди сами на себе.

Најубави денови во април:  23, 29 

Најтешки денови во април: 25,29

Овен

Грижете се повеќе за себе овој месец. Хранете се подобро и бидете поактивни. Чувствувајте се убаво, обрнете внимание на битните работи и не си создавајте имагинарни тегоби. Наместо вие да создавате можности, оставете можностите сами да дојдат. Љубовта е решението за сѐ овој месец. Дозволете нечија магија да си го направи своето и да биде лекот за да заздравите, затоа бидете желни да слушате. Може да ви се посреќи на крајот од месецот доколку изиграте паметно.

Најубави денови во април:  20, 23 

Најтешки денови во април: 18, 28

Водолија

Периодов ќе изгледа како вие да сте единствената личност која размислува разумно, дома или со друштвото. Време е за забава, но не и за вистинска љубов.  Нахранете си ја душата со нова музика, нова храна, па дури и ново патување со личност сродна на вас. Ако се појави некое недоразбирање, најверојатно ќе биде за нешто небитно и ќе исчезне за два-три дена.

Најубави денови во април: 17, 26 

Најтешки денови во април: 19, 21