Кои обувки ќе бидат најголем тренд ова лето: Шпиц врв и балетанки се на врвот на листата
Повторно ги анализиравме модните писти од 2023 година, а еве кои трендови на обувки ќе доминираат оваа година!
Многу зборуваме за важноста да се инвестира во класични парчиња; работи кои ќе го издржат тестот на времето и кои ќе ги носите со години. Сепак, тоа не значи дека не сакаме да флертуваме со трендовите на сезоната.
1. Шпиц
Квадратести врвови владееја во изминатите неколку сезони, но за 2023 година, дизајнерите ги „острат прстите“ и експериментираат со зашилени силуети.
2. Балетанки
Благодарение на брендовите „Miu Miu“ и „The Row“, балетанките беа еден од најголемите трендови минатата година. Ако веќе сте инвестирале во нив, ќе ви биде мило да слушнете дека остануваат за 2023 година, во сатен и кадифен верзии.
3. Кристали, светки, сребро
Чантите со светки беа актуелни оваа сезона, а светлиот тренд се пренесува и во 2023 година во форма на чевли. Од штикли до чизми, кристалните обувки се во фокусот на модните ревии.
4. Врвки на нов начин
Од чизми над колена кај „Живанши“ до потпетици инспирирани од Џили во „Џејсон Ву“, чевлите за пролет непредвидливо го добија уникатниот облик на предниот корсет со врвка. Секси, но многу елегантни, овие чевли ги замислуваме во комбинација со проѕирни фустани или модерно здолниште до колена.
5. Гломазни моторџиски обувки
Минатогодишните трендови на чевли беа повеќе од суптилни во споредба со оние што ќе владеат во 2023 година. Се враќаме со гломазни ѓонови и чекориме смело и гласно.
6. Металик боја
Златните и сребрените нијанси се вообичаени во зимските месеци кога сезоната на забави е во полн ек. Во 2023 година, забавата продолжува во текот на целата година, со палета на чевли (читај: особено високи чизми) во метални нијанси.
7. Отворете ги прстите
Ако сте го одложиле правењето педикир, овој тренд на чевли ќе ве натера да посакате повторно да го посетите салонот. Обувките со отворени прсти се појавија во цела палета на брендови - од „ACNE Studio“ до Викторија Бекам, и во најиновативни дизајни.
8. Винил, ПВЦ, гума
За оние кои сакаат да експериментираат и да бидат ексцентрични, имаме добри вести: чевлите направени од винил, ПВЦ и гума сепак ќе се носат во 2023 година, а нашето мислење го потврдуваат најголемите модни куќи.
Извор: elle.rs