Кој ако не таа: Карлеуша во Дубаи буквално блесна како лампион - искешира 6.000 евра за облека

Добивај вести на Viber

Дивата Јелена Карлеуша деновиве со ќерките ужива на егзотична дестинација, а своите обожаватели ги изненади со провокативен стајлинг за кој потроши цело богатство.

Имено, популарната пејачка ја посети продавницата на популарниот бренд во Дубаи, каде што купи модели од најновата колекција. 

Јелена Карлеуша за ноќно излегување избрала фустан кој чини повеќе од 1.500 евра,  носи очила „Balenciaga“ од 900 евра, а за ланче и обетки потрошила 1.200 евра.

Гаќичките се лимитирана серија на брендот „Гучи“ и чинат околу 1.300 евра, сите гледаа во нив, додека на нозете имаше блескави сандали од кристали Сваровски од 800 евра.

Поп дивата во раката носи чанта „Прада“ од 2.000 евра, додека немирните гради кои во секој момент се заканувале да испаднат од фустанот едвај ги задржувала покривајќи ги со рацете.


Во потоплите краишта Јелена ужива во луксуз со ќерките, а кога оди на ноќна прошетка сјае се околу неа.


Фото: Инстаграм

Се соблече, па отиде на шопинг: Јелена Карлеуша го запали Дубаи! (ВИДЕО)