Актуелно // Жолта минута
Се соблече, па отиде на шопинг: Јелена Карлеуша го запали Дубаи! (ВИДЕО)
Поп дивата, пејачката Јелена Карлеуша ја напушти Србија и замина во потоплите места, поточно во Дубаи, каде што престојува во најлуксузниот хотел.
Имено, атрактивната русокоса отишла на приватна плажа да се сонча, па облекла минијатурен црн костим за капење кој се гледа дека едвај и ги покрива градите.
Бујните гради за малку не испаднаа, а сите погледи беа вперени во неа, сите коментираа дека пејачката никогаш не изгледала подобро, таа својата линија ја доведе до совршенство.Јелена Карлеуша веднаш штом пристигна се огласи на својот Инстаграм профил, па сподели жешки кадри каде е фотографирана од секој агол.
По уживањата на плажа, ЈК отишла во најскапата продавница каде купила брендирани чизми од најновата колекција на Баленсијага, за кои издвоила неколку илјади евра.
Фото: Инстаграм