Кој е најмоќниот агенс против стрес на кој не обрнуваме скоро никакво внимание?

Добивај вести на Viber

Што помага за релаксација и регенерација на нашиот организам?

За дишењето, кој е клучен фактор на нашиот опстанок, скоро па никој не размислува - тој го има оној фантастичен квалитет што истовремено е и автоматски и доброволно. Можеме да го контролираме здивот, но и не мораме, бидејќи сигурно ќе дишеме од природата на нештата. Но, тогаш кога на часовите по фитнес ќе бидеме предупредени поради ритамот на дишењето или кога ќе се фатиме себеси дека премногу долго го држиме здивот како резултат на стрес, сфаќаме дека не „управуваме“ со оваа „вештина“ доволно добро.

„Во јогата и работата со дишењето учиме дека не постои само еден правилен начин на дишење“ - вели Јелена Маленковиќ, сертифициран инструктор по јога, која својата долгогодишна пракса ја има посветено на проучувањето на ефектите од дишењето како одговор на различни психофизички состојби, предизвикани од модерниот начин на живот.

„Да го цитирам мојот ментор, постојат обрасци во кои знаеме да се задлабочиме, па користиме еден ист начин на дишење без разлика на околностите. Меѓутоа, можеме да дишеме правилно на многу начини. Плитко или длабоко, звучно или суптилно, со задржување на воздухот или без... секој начин на дишење има своја улога кога знаеме како со него да управуваме.“

Бенефитите на правилното дишење на нашата физичка и ментална состојба се повеќе и многубројни:

„Свесното управување со дишењето може да не ослободи од менталната и физичката тензија, да ни го олесни одењето и движењето, да обезбеди поквалитетен сон, подобра концентрација и меморија, но и убава кожа, подобро варење, да помогне на енднокриниот систем, да го подигне нивото на енергија и отпорност на имунолошкиот систем. Накратко кажано - квалитетното дишење влијае на квалитетот на животот.“ - вели инструкторката по јога за Телеграф.

 „Нашиот здив е еден од најефикасните начини не само да се ослободиме од стресот, туку и да научиме како полесно да поминуваме низ стресните ситуации. Дишењето е тесно поврзано со нашите нервни системи и кога ќе разбереме како вдишувањето и издишувањето влијаат на стресот, можеме да пристапиме на нашите природни капацитети за длабока релаксација и регенерација на целиот организам, да ги смириме нашите мисли и да го растеретиме и телото и умот.“

Како што сугерира инструкторката по јога, многу е важно во текот на денот да застанеме и да забележиме како дишеме, бидејќи тоа има најголемо влијание на пна што секојдневно го правиме:

„Можеби на почетокот најудобно е да ова запознавање со сопственото дишење да го направите лежејќи на грб. Едната дланка ставете ја градниот кош, а другата на стомакот. Дишете низ нос и без да менувате било што, само забележувајте: колку трае вдишувањето, а колку издишувањето, како се менуваат, коки делови на телото се мрдаат со вдишувањето, а кои со издишувањето и по кој редослед, каде во телото во чувствуваме вдишувањето, а каде исдишувањето, какво е чувството кога воздухот ви струи низ ноздрите. Многу е едноставно, важно е само да се вежба редовно.“

Извор: телеграф.рс