Кој хороскопски знак е најљубоморен?
Овенот е најстрастен во изливите на љубомора
Тие имаат проблем со апсолутната доверба, па знаат често да го следат секој чекор на партнерот и да го анализираат. Штом им се јави црвот на сомнежот реагираат импулсивно. Со оглед на тоа што често се искомплексирани, од нив може да очекувате од фрлање чинии до закани и лути реакции. Сепак, ако се однесувате коректно и ги демантирате нивните сомнежи, љубомората веднаш им исчезнува како ништо да не било.
Бикот е истражувач, но знае да ве задуши со љубомората
Иако припадниците на овој знак се добродушни и тежнеат кон хармонични врски, ако ја разбудите нивната љубомора и сомнежи, очекувајте голема недоверба во иднина. Не избрзуваат со заклучоци, но ќе откријат и предвреме дали имате намера да ги изневерите. Дури тогаш бидете подготвени за напад од навреди и тешки зборови, бидејќи најмногу мразат кога ќе ја изгубат контролата над ситуацијата.