КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ АНТИТЕЛА, ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД ИЛИ ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА: Научниците откриваат детали од големо истражување
Пандемијата во светот сѐ уште е во полн ек, особено поради новите варијанти на вирусот кои постојано се детектираат.
Најдобар начин да се заштитиме од инфекција е да се вакцинираме, е официјалниот став на експертите. Но, имунитет постои и откако ќе се се прележи болеста, па научниците направија истражување кое открива дали луѓето се подобро заштитени со вакцина или со природен имунитет по прележан ковид.
Во студијата на тим научници предводени од Жоел Пелети и Жан-Франсоа Масон, професори на Катедрата за хемија на Универзитетот во Монтреал, која е објавена во списанието Scientific Reports, се наведува дека луѓето вакцинирани со вакцината Фајзер или АстраЗенека имале нивоа на антитела кои биле значително повисоки од оние кои природно се заразиле со инфекцијата. Антителата од овие две вакцини, како велат професорите, се ефикасни и против делта варијантата на вирусот, која не беше присутна во Квебек во времето кога примероците се собрани за тестирање во 2020 година.
Целиот текст читајте го на ФАКТОР ТУКА.