КОЈ ЖИВЕЕ ВО СТАН ИЗГРАДЕН ОД 2014 ГОДИНА НАВАМУ, МИРНО ДА СПИЕ - проверките гарантират отпорност на земјотреси, тврди Гаревски

Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП). 

Гаревски за Фактор потенцира дека од 2014 година градбите се контролираат од повеќе институции кои се регистрирани во Министерството за образование и наука, меѓу кои се ИСОГКП кои спроведуваат контроли на терен, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и други слични институции, кои ја проверуваат безбедноста на градбите.

По разорнот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија во понеделникот рано наутро, во кој веќе има голем број жртви, многу разуранти објекти, и се уште се трага по преживеани, стравот кај граѓаните се зголеми. На социјалните мрежи и низ медиумите постојано се споделуваат снимки од спасување на преживеани, но обемот на штетите е огромен, и неопходни се повеќе спасувачки екипи за помош на затрупаните граѓани. 


Деталите читајте ги на Фактор тука.