Која е убавата жена која побегна од Украина со 28 милиони долари во куфери? Фатена на граница, а до лани работела за 500 евра месечно

Странските медиуми ја пренесоа приказната за сопругата на познат украински тајкун и политичар, која наводно се обидела да префрли 28 милиони долари и 1,3 милиони евра во готовина во Европската унија преку бегалскиот граничен премин.

Парите ги пронашле цариниците на унгарската граница, пишува „Дејли мејл“, а се работи за Анастасија Котвичка, сопругата на контроверзниот поранешен пратеник Игор Котвицки.

Според украинските медиуми, против Анастасија наводно ќе биде покрената кривична постапка, бидејќи таа не пријавила отстранување на огромна сума пари од земјата зафатена од војна. 

Нејзиниот сопруг, некогаш најбогатиот пратеник во Украина, изјавил дека неговата сопруга навистина ја напуштила земјата, но за да се породи, а тој ги негираше информациите дека таа имала милионска сума со себе.

„Сите мои пари се во украинските банки, ништо не извадив“, рекол тој, по што го затворил својот акаунт на социјалните мрежи.

Подоцна повторно се огласи, но на Инстаграм профилот на ќерка му Виолета (24), пишувајќи дека целата приказна е „лажна“ и се базира на гласини. 

Анастасија наводно патувала со нејзината мајка и уште двајца Унгарци, а самата не го коментирала инцидентот на границата, пишува украински „Обозревател“. Исто така, може да се најдат и контрадикторни информации - наводно таа, за разлика од нејзиниот сопруг, признала дека навистина донела пари од Унгарија.

Во Украина, богатата елита моментално е мета на критики и се осудуваат нивните обиди да го преселат своето богатство во странство, избегнувајќи мерки против трошење капитал во време кога судбината на земјата виси на конец.

Убавата бринета по целиот скандал го затвори својот Инстаграм профил, исто како и нејзиниот сопруг. Руските медиуми пишуваат дека Анастасија пред војната водела луксузен, гламурозен начин на живот, сакала скапи брендирани предмети и облека, брзи автомобили, природно крзно и скап накит. 

Таа е во брак со Котвик од минатата година, а е негова втора сопруга. Разликата меѓу нив двајца е околу 20 години. Таа претходно работела како вработена во Одделот за економија и меѓународни односи на Регионалната социјална управа во Харков, а по бракот основала сопствена компанија „Геос“. Наводно, нејзиниот службен приход бил околу 170 илјади гривни годишно (околу 310.000 денари), но нејзиниот имот, пак, бил проценет на 95 илјади долари и 1,4 милиони гривни.

Пред Анастасија, украинскиот политичар беше во брак со Ала Котвицки, која моментално е вработена како ректор на Националниот универзитет за фармација, а парот ја има ќерката Виолета.


Фото: Профимедиа