Којa го носи најдобро: Ана Николиќ, Ева Лонгорија и Оливија Родриго во речиси ист фустан (ФОТО)
Пред неколку ноќи, популарните Ева Лонгорија и Оливија Родриго прошетаа по црвениот тепих во речиси ист фустан, а интересно е што претходно во сличен таков ја видовме српската поп -sвезда Ана Николиќ.
Минатиот викенд во Лос Анџелес се одржа отворањето на Музејот на Академијата за филмска уметност, на кое се собраа голем број познати личности.
Меѓу најголемите ssвезди на вечерта беа актерката Ева Лонгорија и пејачката Оливија Родриго, кои се појавија во многу, многу (многу!) слични тоалети. И двете изгледаа волшебно во моделите потпишани од модната куќа Ив Сен Лоран, во црни макси-фустани со длабоко деколте и парчиња ткаенина што ги покриваат градите во форма на цветни ливчиња. Модниот избор на Ева го краси крој на сирена, додека Оливија се одлучи за фустан кој има многу длабок шлиц.
Меѓутоа, малку порано во текот на денот, српската пејачка Ана Николиќ се појави во модел со сличен дизајн, позирајќи во фустан како оној што го носеше Оливија Родриго и го комбинираше со црна шапка и торба со златен ланец.
Ева Лонгорија
Оливија Родриго
Ана Николиќ
Која го носи најдобро според вас?извор:GLOSSY